Општина Гази Баба сè уште не воведува двојазичност, иако по последниот попис на населението спроведен во септември 2021 година процентот на Албанци во неа е 20,32%, пишува Алсат.

Градоначалникот, Бобан Стефковски, тврди дека двојазичноста се спроведува, а колку се применува тоа говори фактот што таблата со името на општината не е сменета и по една година, а веб-страницата е само на македонски.

На прашањето за промена на табелата, бидејќи досега не можевме да добиеме одговор пред камера, градоначалникот рече дека има процедури кои мора да се следат.

Од Државниот инспекторат за имплементација на јазиците велат дека досега во оваа општина не се вршел инспекциски надзор, но тоа било предвидено во годишниот план за оваа година.