Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО -ДПМНЕ најави дека дека е во контакт со Албанци и потенцијални кандидати од други етнички заедници.

„Зошто да не кога имаме членство од сите етнички заедници. Македонија им припаѓа на сите луѓе. Ова е нашата кампања. Секој што има амбиции, квалитети и одговорности да работи за Македонија и да не се срами како оние министри што се срамат да покажат дека се македонски министри и се срамат да се сликаат покрај македонското знаме, се добредојдени“ изјави Христијан Мицкоски, пренесе Алсат.

„Ве охрабрувам и ви кажувам дека имам контакти со некои од нив Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи итн, за да се најдат на следната победничка листа на ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 61 пратеник“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски сепак останува на идејата за укинување на принципот „Бадентер“ заедно со определбата за 20 проценти и балансерот за време на вработувањето.

Бадентер е уставна категорија утврдена со Охридскиот договор, со која се предвидува поддршка со двојно гласање од страна на пратениците од немнозинските заедници во Собранието, за систематски закони кои ги засегаат интересите на заедниците, потсетува Алсат.мк.