Алсат: И полицајци меѓу загинатите во автобусот на Беса Транс

Меѓу 44-те жртви во трагичната несреќа во Бугарија има и двајца полицајци ексклузивно објавува Алсат од извори во полицијата .

Станува збор за Енис Раманоски, заменик командир на полицијата во Дебар и Саде Мустафоски, полициски службеник на граничниот премин „Блат“ со Република Албанија.

Членовите на семејството објавија фотографии на социјалните мрежи со кои потврдуваат дека меѓу жртвите во трагедијата на 23 ноември се и Мустафоски и Раманоски. Информацијата ја потврдија и полициски извори, кои додадоа дека треба да се очекува вештачењето на бугарските власти за официјална потврда.