Данела Арсовска нема потпишано никаков договор. „Градот Скопје не е потписник на ниту еден договор, а градоначалничката секојдневно е на терен и меѓу граѓаните и ги реализира проектите што тие ги саботираат“, велат од Град Скопје по инфорфмацијата дека деновиве бил потпишан договор за изградба на пречистителна станица за отпадни води вреден 200 милиони евра.
Потпишан договор од 200 милиони евра за пречистителна станица, Арсовска не соопшти…
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека Арсовска го потпишала договорот, но сега се крие од јавноста бидејќи за овој проект насилно го разреши поранешниот директор на водовод, Златко Перински.
Но, од Министерството за екологија потврдуваат дека договорите се веќе склучени и за тоа добиле известување од „Водовод и канализација“, пишува Алсат
„Министерството за животна средина и просторно планирање на 12 април доби официјален мејл од проектната канцеларија во „Водовод и канализација“, која ја спроведе постапката.
Нè известија дека тендерот бил успешен и потпишани се договорите за изградба и надзор. Со тоа сите процедури се завршени и наскоро треба да започне реализацијата на овој голем и капитален проект за главниот град“, нагласуват од Министерство за животна средина.
Изградбата на филтер станицата за отпадни води во Скопје е проект вреден 200 милиони евра. Од нив, 136 милиони се заем од Европската инвестициска банка, а 70 милиони се неповратни грантови од Европската Унија.
Пречистителната станица ќе се простира на површина од 13 хектари во општина Гази Баба, на левиот брег на Вардар во Трубарево.
