„Во Шпанија агенти заплениле 13 килограми хероин, шест возила користени за превоз и уапсиле единаесет осомничени. Водачот на бандата – Албанец, на кого му беше забранет влез во ЕУ, тврдеше дека е судски експерт.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Албанска нарко банда е фатена во Шпанија – ‘генијален’ начин како ја криеле дрогата“.
Алсат пишува: „Истрагата започна на почетокот на годинава кога агентите фатија еден човек додека продавал значително количество хероин. Малку по малку агентите ги откриле нивните канали за дистрибуција на дрогата. Во јули запреле автомобил, кој превезувал добро скриена дрога.“
„Шпанските медиуми пишуваат дека властите не успеале да ја пронајдат скриената дрога и морале да се обратат до Царинската надзорна служба, која располага со апарати со рендгенски зраци, за да ги откријат десетте килограми хероин, скриени внатре во автомобилот. Малку по малку ги пронајдоа сите возила, како и мрежата на тајни места, што ги имал водачот на бандата – Албанец, на кого му беше забранет влез во ЕУ, но кој тврдеше дека е судски експерт.“
„Во средата оваа недела беа извршени осум контроли против организацијата, меѓу кои и една контрола на на улицата Санто Томас, во Монте Алто, каде што полицијата уапси постара жена, која се занимавала со дистрибуција на дрога во земјата. Освен хероин, властите заплениле и еден килограм хашиш, половина килограм марихуана, 57 илјади евра во кеш, 900 долари, прецизни ваги и алат за обработка на дрога. Пронашле и блокатор, уред за геолокација и лажни документи.“