Не продолжи отстранувањето на „галијата“ што се наоѓа на реката Вардар, во близина на хотелот Холидеј ин во центарот на градот кое започна по иницијатива на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.



Шилегов: Продолжува уривањето на галијата кај Холидеј ин

Се’ уште се води судски спор, а во меѓувреме објектот, кој е веќе уништен и во катастрофална состојба, претворен е во засолниште за бездомници.

Немајќи друго место, четиричлено семејство го направило овој брод свој „дом“, бидејќи рекоа дека немаат друго место за престој, објави Алсат М.

Граѓаните велат дека е за жалење состојбата во која е оставен овој брод. Според нив, тоа е непријатна глетка за жителите на главниот град, но и за туристите.

Од Град Скопје не одговораат на прашања за судбината на овој брод, дали ќе остане во ваква состојба на таа локација или ќе биде отстранет.

Договорите за користење на бродовите што Град Скопје ги има потпишано со одредени фирми истекуваат во 2035 година, во случај на еднострано раскинување на овие договори Градот мора да плати отштета од околу 6 милиони евра,

Бродовите во Вардар беа дел од проектот „Скопје 2014“ реализиран за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.