„Една шаховска табла меѓу нив ги разделува. Рама и Вучиќ седнати еден спроти друг, додека Заев и неговиот заменик Димитар Ковачевски се наоѓаат меѓу нив. Ова е она што се гледа од надворешниот поглед од средбата на тројцата лидери во рамки на средбата од ‘Отворениот Балкан“. – објави информативниот портал „Алмакос“.

Алмакос“ пишува: „На фотографиите објавени на профилот на Заев се гледа дека тројцата лидери се насмеани. Заев преку својата објава преку фејсбук оваа последна средба во овој формат како претседател на Влада ја опишува како ‘показател на политичката волја’, која, како што пишува тој, ‘докажа дека бргу може да се преобрази во функција на брзо функционирање на државните институции“.

Инаку, при протестите и инцидентите во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ дел од оние, кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња. Ги симнале знамињата закачени на бандерите, ги запалиле и ги газеле – известија информативните агенции. Косовскиот весник „Бота сот“ информира: „Беџет Пацоли, косовскиот политичар и бизнисмен, кој беше вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово во 2017 година, во врска со палењето на знамињата на Србија во Тирана изјави: ‘Палењето српски знамиња не ни прави чест’. Тој ја поддржа иницијативата ‘Отворен Балкан’. Пацоли рече дека неговото мислење нема никаква врска со фактот, што албанскиот премиер Рама му дал на конзорциумот, во кој компанијата на Пацоли ‘Мабетекс’ е дел, право да го изгради аеродромот во Валона. ‘Оваа инвестиција е приватна и воопшто нема врска ниту со Рама, ниту со партиски лидери. Не се работи за финансирање од буџетот, или од некој друг.’ – кажа Пацоли.“

Пет часа по овие протести во Тирана одекна и експлозија на експлозивна направа, во врска со што „Газета.експрес“ извести: „Две возила се оштетени од експлозија во Тирана. Нема повредени и се уште не познато кој бил цел на нападот. Полицијата соопшти: ‘Експлодирало помало количество експлозив околу 20 часот вчера на вторичен пат, што излегува на кружниот тек Саук кај подвозникот. Оштетени се стакла на две паркирани возила.“