„Во Македонија има институции, кои не ни знаат кои се нивните должности, какви услуги даваат!“ кажа Азир Алиу, министерот за информатичко општество и администрација во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија пишува: „Министерот Алиу дополнува дека има и такви институции, кои вршат многу услуги, но немаат доволно луѓе. Затоа, според него, неопходно е да се оптимизираат институциите.“


„Оптимизација значи мобилизација и на инфраструктурата и на човечките капацитети од една во друга институција, со цел резултатот да биде јавна администрација, која обезбедува услуги во реално време и јавна администрација, која нема да биде злоупотребувана.’ – нагласи Алиу во ‘Клан дебата“.