Езгјан Алиоски, еден од македонските фудбалски херои во историскиот триумф над европскиот шампион Италија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар, со порака пред дуелот за мундијалот против Португалија во вторник во Порто.

„Со овој тим можеме да веруваме во неверојатното, да го сонуваме невозможното!“, порача на Твитер одбранбениот играч на репрезентацијата на Македонија.