„Халил Снопче, пратеник од редовите на Алијанса за Албанците, вечерва во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21 рече дека Алијанса редовно го критикува правосудниот систем и корупцијата во земјата и затоа подобро би го опфатила овој ресор, ако влезе во Владата.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Ако го критикуваме нефункционирањето на правдата, ако го критикуваме неспроведувањето на законите во оваа земја, ако го критикуваме високото ниво на корупција. Логично би било Алијансата за Албанците да го побара ова министерство и некои дирекции, кои се поврзани со функционирањето на правдата. Имаме капацитет да управуваме со овој оддел.’ – укажа Снопче.“

„Снопче рече дека се уште нема конкретна понуда, за да се биде дел на владејачкото мнозинство. Тој изнесе дека, за да се зборува реално за влегување во Владата, актуелното мнозинство треба да понуди нешто конкретно, како што се идеи и министерства. ‘Имаме средби и на ниво на пратеници, но се уште не можеме да зборуваме за директни преговори кога немаме конкретна понуда, што и се нуди на Алијансата за Албанците. Врз основа на понудата што бараат, ние ќе анализираме. Понудата треба да содржи идеи, министерства, кои ние треба да раководиме.’ – нагласи пратеникот Халил Снопче во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21.“