Алијанса за Албанците инсистира за двојазичност и во коронакриза

Партијата Алијанса за Албанците бара формулари и на албански јазик за граѓаните на Струга во изолација поради коронавирусот „за да бидат свесни и да го разберат тоа што го потпишуваат“.

„Ова барање доаѓа од изолираните луѓе кои на нивното барање за обрасци на албански јазик го добија следниот одговор: ‘Нека дојде Зијадин Села да ви помогне сега’!

Тоа што се случува во овој карантин е кршење на законот од страна на самата држава, повреда на правото за информирање на мајчин јазик и психичко малтретирање на изолираните лица!“, обвинуваат од партијата на Села.