Алијанса не сака да се приклучи на опозициските партии на Албанците

Алтернатива, Движењето Беса и Демократско движење на Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити веќе неколку пати испратија порака до Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата и да ѝ се приклучат на опозицијата, предуредувајќи ги дека е извесно дека изборите в година ќе донесат промена на власта.

Како што извести Нова Македонија од брифингот на кој говореа министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу и Кренар Лога, понудата од здружената албанска опозиција за заеднички изборен настап е одбидена.

„Самите нека одат на свадба, со секоја од тие три партии имаме лошо искуство, преку нас сакаат да го зголемат рејтингот и да освојат повеќе гласови од тоа што можат, а веќе сега му намигнуваат на мнозинството што ќе се формира по изборите“, рече министерот за правда Кренар Лога од редовите на Алијанса на брифингот.