Алијанса не прифаќа ЗЈО кој предвидува амнестија

„Вистина е дека Алијансата на Албанците имаше свои забелешки на драфт верзијата на Законот за обвинителство и голем дел од нив беа прифатени од министерката Дескоска.

Но, она што стигна во Парламентот не е истиот предлог закон“ изјави пратеникот Сурија Рушити за Сител.

„Во членот 110 се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме Закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија“, вели Рушити.