Интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за скандалот со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков поднела коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, информираа лидерите Зијадин Села и Африм Гаши на прес конференција, пренесе Плусинфо.
Тие велат дека ќе го поддржат и предлогот за довеба на Владата, и за ново парламентарно мнозинство, за како што велат конечно да престанат скандалите во државава.
„Театар, како може јас да давам проценка за смешните сценарија кои се прават деновиве. Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалко доби домашен притвор. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев.Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата“, Села според Плусинфо..
Тој додаде дека живееме во држава каде од час во час има нов скандал.