Алијанса на Албанците е против попис „со прст“

Против попис со отпечаток со прст, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ за да се добие точен број на резидентното население во Македонија е опозициската Алијанса за Албанците.

„Со ВМРО-ДПМНЕ за пописот се разликуваме во ставовите. Треба да се попишат сите жители и резидентните и нерезидентните, односно тие кои во моментот не се во државата.

Ако одиме со отпечаток од прст, тогаш како ќе се земе отпечаток на тие што не се тука? Принципиелно не се согласуваме со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба сите граѓани да се попишат и да се знае колку живеат во Македонија и колку надвор од државата. Сакале или не, пописот поради процентот во Уставот е и политичка операција.

Доколку немаше процент од над 20 отсто, тогаш немаше да биде битно ни при спроведувањето на пописот да се наведе етничката припадност. Но за жал, според Уставот, сѐ уште е битен процентот“, изјави за Плусинфо, пратеникот од Алијансата за Албанците Халил Снопче.

Од СДСМ велат дека се разгледува можноста за набавка на 10.000 апарати за оваа намена но кои и подоцна можат да се искористат за изборите иако, според нив, времето е кусо. Но постои и разногласие во партијата: