Алијанса на Албанците и Алтернатива поднела десетина амандмани за законот за попис, меѓу кои и еден со кој се бара одложување на статистичката операција, јавува МИА.

Според Скендер реџепи, координаторот на пратеничката група на овие две партиитие ќе го поддржат законот, но сметаат дека треба да се пролонгира рокот за завршување на пописот и тој да биде на 30 април.

Бараат, исто така, Државниот завод за статистика да не ја води оваа операција туку аа биде формирана службена државна пописна комисија формирана од Владата, која ќе го надгледува пописот, бидејќи, како што кажа немаат доверба во институцијата која од девет раководни места, нема ниту еден Албанец.

Во Собранието во тек е седница на Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е амандманската расправа по предлог- законот за попис, а ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поднеле 26 амандмaни на предлог-законот за попис.