Алијанса демантира дека Таравари и Ковачевски вчера биле на средба со Али Ахмети

Алијанса за Албанците демантира дека лидерот на партијата Арбен Таравари, по средбата во Владата со премиероот Димитар Ковачевски, заедно со него заминал кај лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„По средбата со премиерот Ковачевски, Таравари веднаш отпатува во Полог на средби во Гостивар, Тетово и Теарце до доцна во ноќта и, следствено на тоа, не можел истовремено да биде во Зајас.

Алијанса за Албанците била и секогаш ќе биде непоколеблив поддржувач на слободните медиуми. Сепак, во овие проблематични времиња за државата, ги повикуваме сите медиуми во земјава на максимална одговорност и постапување по принципите на новинарската етика за верификација на изворите и информациите“, објавија одс АА:

Алсат претходно објави дека премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Ахмети во Зајас.

Таравари вчера рече дека не добил понуда од премиерот за влез на АА во Владата, но додаде дека и од Алијанса зџа тоа би одлучувале по партискиот Конгрес на кој треба да се избере нов лидер по заминувањето на Зијадин Села.