Со денешното откажување на судското рочиште за автобуската несреќа кај селото Ласкарци уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата кај Ласкарци кога автбус на „Дурмо турс“ излета од патот при што загинаа 16 лица, а 37 се здобија се тешки телесни повреди, ртеагираат од Алијанса на Албанците.
Роднините на жртвите во несреќата која се случи пред речиси 4 години, се заканија со блокади на улици и Кривичниот суд зашто сметаат дека намерно се одолговлекува судскиот процес во кој обвинети се 6 лица, вклучително и сопственикот на Дурмо турс и возачот на автобусот.
Несреќата на автобусот на Дурмо Турс се случи на 13 февруари 2019-та .
Од Кривичен суд велат дека рочиштето денеска е одложено со оправдување дека не е извршена супервештачењето, кое се чека од Бирото за судски вештачења.
Од судиот велат дека до овој момент има доставено 9 ургенции до Бирото за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се завшри доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда. За сите ургенции, но и за одолговлекувањето од цела една година, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ.
Од Бирото за вештачења велат дека на 29 ноември ќе го извршат последниот увид на автобусот, а извештај ќе има до крајот на оваа или почетокот на идната година со тоа ќе заврши целата супер експертиза.
За Алијансата за Албанците ова супервештачење е измислено со цел да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај.
„Покрај тоа, вчера се наврши една година од трагедијата со автобусот на ‘Беса транс’ во Бугарија. Ниту овој ниту случајот кај Ласкарци не добива епилог и сето тоа благодарение на судството контролирано не само од политиката туку и од групи што имаат интерес“, потенцира Аднан Незири, пратеник од оваа партија.
Алијансата за Албанците апелира до органите на правдата да стават крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства.