ДУИ денеска се претвори во партија што им прави уште една штета на Албанците, по онаа за „Албанец премиер“ , овојпат со одложување на пописот, се вели во реакцијата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива по денешната средба Заев-Мицкоски на која се постигна договор за одложување на пописот.

„Сепак, ги информираме Заев, Мицкоски и Ахмети дека дури и ако успеат да не надгласаат преку бројките и да го одложат пописот, тие никогаш нема да можат да го намалат бројот и процентот на Албанците во Северна Македонија. Нашите штабови и активисти, и во дијаспората и во земјата, ќе бидат будни и активни, па кога и да биде одреден датумот за попис, ние ќе бидеме тука за сензибилизирање и да го спасиме овој процес. Во меѓувреме, за секое пазарење што ќе го направите на штета на Албанците, еден ден сите ќе одговорите!, се вели во реакцијата.

ДУИ која се преправа дека е претставник на Албанците во Владата, стои во реакцијата, денеска уште еднаш го потцени своето гласачко тело и сите Албанци.

„Сам Зоран Заев потврди дека за одлуката за одлужување на пописот само по телефон го информирал Ахмети и оти не го прашал за став. Мицкоски, во меѓувреме, го нарече само квантитет, а не квалитет.

Во оваа прилика, би сакале да ги потсетиме дека Заев и Мицкоски се предадоа на една единствена тема – проблемот со државјанството, процес што беше инициран и го спроведува Алијансата за Албанците и Алтернатива. Првично не молеа да седнеме, а наскоро ќе бидат принудени да го решат овој проблем, бидејќи тие знаат дека сите Албанци не се ДУИ и Ахмети, се вели во реакцијата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.