жОд коалицијата Алијанса на Албанците/Алтернатива реагираат на скандалот со доделување 215 македонски пасоши на нарко-босови и лица со криминално досие и сомнително досие:
Ељми Азири од Алијанса на Албанците прашува како тие го добиле државјанството и како ги поминале филтрите на МВР без никој да забележи дека се криминалци.
„МВР најпрво овозможило снабдување со државјанство а потоа им помогнало снабдувајќи ги и со лични документи и патни исправи.
Во Република С. Македонија полесно ќе добие државјанство криминалец и разнесувач на дрога во меѓународната мрежа отколку лице родено и израснато во оваа држава“, рече Ељми Азири, пренесува ТВ21.
Саркастичниот коментар доаѓа откако беше отфрлен предлогот на Алијанса/Алтернатива за измена на важечките закони со што би се овозможило македонско државјанство да се добива врз основа на три сведоци.
