Алијанса/Алтернатива со илјадници амандмани против антикризните мерки

Координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, најави дека со 3.000 амандмани ќе ја блокираат собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет.

Седницата се закажана за во 18,30 часот.

Претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони, сега се зависи од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива кои, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Од Алијанса/Алтернатива бараат прво да биоде донесен Законот за дравјанства кој предвидува државјанство да се добива со 3 сведоци, а дурипотоа антикризните мерки.