Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 200 амандмани на предлог- закоот за изменување на Законот за попис, изјави за ТВ 21 пратеникот од Алијанса Елми Азири.

„За Законот за попис се доставени 200 амандмани, за Изборниот законик ниеден, бидејќи за тој се договорија сите партии“,вели Азири. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери, попладнево ја прекина 38-седница на чиј дневен ред се само две точки – измените на Законот за попис и Изборниот законик.

Комисиската расправа за измените на Законот за попис може да трае максимум два дена.

Двата предлог – закони се наоѓаат на комисиска расправа, откако денеска на седница со мнозинство гласови беше изгласана потребата од нивно донесување – за да се обезбеди одложување на пописот за септември, да се уреди постапката за скенерите за отпечатоци од прст и се предвидува одложување на локалните избори за втората половина на октомври, за кампањата да почне откако ќе заврши пописот во септември.