Коалицијата Алијанса -Алтернатива смета дека дискредитацијата на албанските функционери е веќе добро позната појава во земјата, а дека со назначувањето на Бучковски за специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија се „закопува“ довербата во министерот за надворешни работи.

„На Бујар Османи му е назначен за шеф Владо Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности да ги води преговорите со бугарската страна. Паѓаат сите предупредувања, пофалби на раководството на ДУИ дека Бујар Османи е важен фактор во одржување на разговорите со бугарската страна. Ова не се случува само сега.

Постојано кога имало слични и отворени меѓусоседски прашања, како во случајот на Грција, албанските претставници за жал имале епизодна улога и повеќе биле донесени како непоканети гости за едно прашање за кој  никој не ги прашува и немаат тежина во преговорите“, вели Сурија Рашиди, Алијанса – Алтернатива пренесе Алсат М.