В.д. претседателот на Алијанса за Албанци Арбен Таравари потврди дека услов за внсување на Бугарите во Уставот, ќе биде да се брише одредбата од 20 проценти за официјална употреба на албанскиот јазик.

Односно, како што рече, да бидат рамноправни македонскиот и албанскиот јазик како што биле во официјална употреба во Југославија.


„Следната недела ќе поднесеме сет на барања и предлози како услови да гласаме за уставните измени“, кажа денеска на прес-конференција Таравари.

На прашањето дали Алијанса ќе влезе во власта, Таравари вели дека нема покана и дека такви вести спинува ДУИ за да ги скрие проблемите со фракциите и зашто таму „не се знае кој со кого е“.