На социјалните мрежи се појави видео на кое лидерот на ДУИ Али Ахмети води оро и ужива во звуците на албанскиот мелос со зурли и тапани, на свадба во неговото родно Зајас.

„Кога срцето ти пее, а душата игра“, пишуваше на една од објавите како опис за видеото со Ахмети, на кое покажа дека знае да се качи и на тапанот.