Али Ахмети ќе даде пари за одбрана на обвинетите во Хаг

Лидерот на ДУИ финансиски ќе ја помогне одбраната на обвинетите за воени злосторства пред судот во Хаг, потврди за Плусинфо генералниот секретар на ДУИ и прв вицепремиер, Артан Груби.

Од ДУИ не откриваат колку пари ќе донира Али Ахмети за одбраната и дали евентуално ќе ги мобилизира екссоборците како и бизнисмени од Македонија го одврзат ќесето за врвни адвокати да ги бранат поранешните соборци и офицери на ОВК од војната во Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи,  Тачи, Весели, Селими и Красниќи пред Хашкиот суд.

Ахмети во емисија на косовската радио и телевизија повика Косово да се мобилизира и да ги поддржи поранешните лидери на ОВК и тоа како што вели, не со изјави и соопштенија, туку финансиски, бидејќи процесот носи големи трошоци. Тој вели дека во судскиот процес се вклучени најпознати и најдобри адвокати.