„Алфи“ влегоа во домот на Груевски, не го пронајдоа

Полициски Алфи вечерва влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој.

Ова беше втор обид на полицијата, откако првиот пат само затропаа на врата.


По екс-премиерот е издадена потерница  откако тој не се јави на издржување на 2 годишната казна затвор по пресудата за случајот „Тенк”.