Албанскиот претседател Илир Мета немоќен!

,,Указот на претседателот на државата Илир Мета не е во согласност со уставот и поради тоа тој се отфрла како таков“, соопшти Албанската Државна изборна комисија која екпресно го отфрли указот на албанскиот претседател за одлагање на локалните избори закажани за 3о јуни.

На вонредната седница на Државната изборна комисија за отфрлањето на указот на Мета биле мнозинство од членовите, а претседателот на комисијата Клемент Згури поднел оставка бидејќи, според него, ДИК не е уставен суд да ја оценува уставноста на уредбата на претседателот..

За опозициската Демократска партија одлуката на ДИК ја оцени како ,,пуч“.

Партија на Љуљзим Баша бара одлагање на изборите и одржување на избори, оставка на премиерот Еди Рама и предвремени избори.  

Политичката криза во Албанија ескалираше во деновиве кога Алкбаѝнија се надева на добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ.

https://www.expres.mk/%EF%BB%BFrama-se-zainati-impichment-za-pretsedatelot-ilir-meta/