Македонските жители од Албанија се‘ почесто се решаваат својата крајно неповолна економска положба да ја заменат со пат кон Европа, плаќајќи големи суми пари за бугарски пасош.

На 4 јуни 2023 година на својот ФБ профил претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за националните малцинства во Албанија, Милена Селими, објави дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.


На објавената фотографија, се гледа дека освен Милена Селими на средбата присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.

Споменатите две лица, едната како претставник во Комитетот за националните малцинства и, вториот, како секретар во Општина Булќиза, за својата работа се платени од буџетот на албанската држава.

Затоа нејасно е како државни службеници се впуштиле во скандалозно застапување за побрзо добивање на бугарски пасоши…