Албански пратеник ја откри криминалната шема на Рама од која настрада Македонија (ФОТО)

Прислушуваните разговори кои ги објави германскиот весник Билд индицираат дека кражбата на изборни гласови во Албанија била планирана и извршена под раководството на премиерот Еди Рама.

Ова го тврди пратеникот на Демократската партија Агрон Шехај приложувајќи графички приказ на кражбата на гласови и имињата и функциите на сите инволвирани во шемата.

Скандалот со купување гласови беше поводот поради кој Албанија нема да може да започне преговори со ЕУ блокирајќи ја на тој начин и Македонија.

Според Шехај целата шема за купување гласови е организирана од владата во Тирана.

“Кражбата на гласовите е планирана и изведена операција во координација и под раководство на Еди Рама”, тврди Шехај.

Во аудио материјалите што ги објави “Билд” меѓу другото се слуша шеф на албанска криминална група како договара купување на гласови а за возврат бара да биде на листа на пратеници на социјалистите на Рама.

Албанското обвинителство ја потврди веродостојноста на снимките.