Албанската полиција во Драч заплени 45,5 килограми хероин

Во камион натоварен со хром, синоќа, албанската олиција во Драч откри и заплени 45,5 килограми хероин.

Дрогата, 43 пакувања хероин, била откриена во кабината на камион „сканија“.

Според полицијата, постојат основи на сомненија дека дрогата требало да заврши на италијанскиот нарко пазар.

Упсени се сопственикот на возилото, кој е од Драч, како и возачот.

Во Драч на 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо, со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин.