Албанската полиција уби Грк, Атина бара објаснување

Грчките власти очекуваат целосно да биде разјаснет инцидентот во кој загина Грк, објави Министерството за надворешни работи.

Според албанскиот „Топ-ченл“, Константинос Кацифас(35) стрелал од „калашников“  кон албанските полициски сили кои го симнале знамето на прославата на вчерашниот грчки национален празник „Денот Охи“’  во близина на селото Буларат (Вулиаратес) во северниот дел на Епир, (југот на Албанија) кое е на на 6 километри  од грчко-албанската граница, пишува Greek-reporter.


„Грчките власти внимателно го следеа развојот на инцидентот во селото Буларат, Албанија, каде што еден грчки државјанин, наводно, отворил оган од „калашников“ на албанско полициско возило што се обидувало да го уапси, пренесува АНА-МПА.

Изразувајќи длабока тага и сочувство до семејството, Министерството соопшти дека е „неприфатливо операцијата да достигне точка во која е изгубен човечки живот“.

„Очекуваме од албанските власти целосно разјаснување на условите под кои грчкиот државјанин го изгубил живот и веднаш ќе преземе соодветна акција“, велат од грчкото МНР.

Неколку часа по инцидернтот,  албанскиот премиер Еди Рама „дотури масло на огнот“ со статус на „Твитер“ кадфе ја опиша жртвата како “„луда личност“, пишува „Катимерини“.

Рама изјави дека албанската полиција „само си ја вршела својата работа“.