Премиерот се соочува со критики од припадници на делот на албанскиот народ во Макеоднија кои го прашуваат Ковачевски, зошто има ,,хвала” за Брнабиќ а нема ,,фалиминдерит” за Рама иако и двете земји помогнаа да се вратат македонски државјани од вокна зафатениот Израел.
Иако и двете национални компании Ер Србија и Ер Албанија вратија македонски државјани од Израел, а албанската го стори тоа уште вториот ден без официјално барање од Скопје Ковачевски се заблагодарил само на Белград што според многумина е двоен стандард на однесување.
,,Албанското министерство за Европа и надворешни работи уште следниот ден од почетокот на воените дејствија, преку Air Albania им овозможи евакуација од Израел на граѓаните од Македонија. Но кон Република Албанија не си изразил благодарност”, пишува еден граѓанин како реакција на објавата на Ковачевски кој се заблагодарува на српската премиерка Брнабиќ и се фали дека обезбедил бесплатен превоз.
,,Обезбедивме бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Северна Македонија. Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови.
Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет. На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат.
Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома”, објави Ковачевски на што доби десетици негативни коментари кои СДСМ не може да стигне да ги избрише.
Дел од коментарите