Потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот што ја погоди Албанија официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.
Премиерот Еди Рама соопшти дека во земјотресот од 6,4 степени според Рихтеровата скала што се случи во средата загинаа 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени.
Според прелиминарните проценки околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени, соопшти Рама.