Албанија воведува 14-дневен карантин за гости од Македонија и Грција

Комитетот на експерти за справување со пандемијата на Албанија од утре воведе двонеделнен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Македонија и од Грција.

„Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи.

Во Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здрвство.

Додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи во предвид дека минатата година по овој празник бројот на ново заразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука. „Илинден“-Тирана