Албанија купила турски дронови „Бајрактар“, кои ќе ги управуваат Американци

Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека наскоро ќе бидат ставени во употреба беспилотните летала „Бајрактар“ од турско производство, кои ги купила неговата земја.

Тој го откри ова говорејќи по потпишувањето на договорот меѓу албанската национална агенција за цивилна заштита и американската компанија „Сателоџик“. Споменатата компанија ќе дава напредни услуги за одбрана и безбедност.

Овој дрон се произведува во борбена и во извидувачка верзија.

„Секако, вооружените дронови се наменети за екстремни ситуации во борбата против тероризмот, потенцијалните непријатели. Овие беспилотни летала имаат голем број функции кои се комплементарни со сателитите со кои ќе управува американската компанија“, рече премиерот на Албанија.

„Бајактар“ се покажа како исклучително ефикасен во воените конфликти во Сирија, Ирак, Либија, но и во последните престрелки во Украина и во Нагорно Карабах.р

Покрај Украина, овие дронови веќе ги купија Катар и Азербејџан, а Полска е првата земја од ЕУ што го направи тоа.