Албанскиот Парламент синоќа го усвои „пакетот закони за спречување клевета“, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции.
Агенцијата за аудовизуелни медиуми (АМА) добива надлежност да казнува па дури и да затвора портали доколку оцени дека објавиле клевета или лажни вести.
Пакетот беше усвоен и покрај протестите на 15 албански новинарски здруженија и невладини организации, кои го повикаа Парламентот да ги отфрли новите закони предложени од Владата, истакнувајќи дека тие ќе ја нарушат слободата на изразување и слободата на медиумите и е во судир со меѓународните принципи.
За премиерот Еди Рама целта на усвојувањето на двата нови закони е борба против лажните вести и дека тие биле целосно во согласност со меѓународните стандарди.
„Наша цел е да поставиме стандарди за да се почитуваат човековите права.
Но, многу е извесно дека претседателот Илир Мета, кој ги поддржа новинарските здруженија, дека нема да го потпише и ќе го врати во Парламентот.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во изјава за медумите во понеделникот побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување“.
„Јас сум длабоко загрижена кога дознав дека албанскиот Парламент ќе ги разгледува двата предлог-закони, познати како „Пакет анти-клевета“. Овие Предлог – закони имаат итна потреба од подобрување. Некои одредби не се во согласност со меѓународните и европските стандарди за човекови права кои ја штитат слободата на изразување и слободата на медиумите“, оцени Мијатовиќ.