„На врат имаш тројца Албанци, ќе бидеш убиен,ти си свиња,геј…“

Ова е содржината на анонимната порака што ја добил италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Италијански медиуми пишуваат дека откако стана министер нема ден Салвини да не добие некоја заканувачка порака

Тој го објави „писмото“ напишано на лош италијански и со многу граматички грешки со пропратен коментар:

„Одам напред во мојата работа, бакнежи и прегратки“.