Саудискиот фудбалски премиерлигаш Ал Фејха, за кој настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, одигра без голови со Ал Наср на Кристијано Роналдо во 23. коло.
Трајковски ги помина сите 90 минути на теренот и беше меѓу најдобро оценетите играчи на домашниот тим, за разлика од Роналдо, кој немаше ниту една шанса за гол и доби најниска оценка, а својата фрустрација ја искажа по мечот со расправии со противничките фудбалери.
Ал Наср на Португалецот со загубените два бода сега заостанува три зад лидерот Ал Итихад, а тимот на македонскиот напаѓач е 11. на табелата, односно три места погоре од зоната на испаѓање.