Лидерот на Беса, Биљал Касами го повика премиерот Зоран Заев да седнат, како што вели, и да се види кои се можностите да се исполнат барањата за уставни измени што ги бара Беса.

„Досега немаше таква атмосфера и ако вака се продолжи најверојатно мнозинството ќе треба да размисли да најде уште гласови“ изјави Касами за ТВ24.

Одлуката дали партијата ќе ги поддржи уставните измени ќе ја донесе централното претседателство на Беса.