Ако Заев не побара нова, вонредната состојба истекува на полноќ

Вечерва на полноќ завршува вонредната – четврта по ред – вонредна а шефот на државата Стево Пендаровски вчера изјави дека нема да носи нова одлука, а се очекува дека и владата денска нема да побара продолжување на вонредната состојба.

Но, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека Владата може да побара продолжување на вонредната состојба за само три дена, за изборите да може да се одржат на 8, наместо на 5 јули, доколку биде постигнат договор за тоа со опозицијата.

Вчерашната средба на Заев со Христојан Мицкоски во претседателската вила заврши без договор за изборниот датум.