Ако се урива на крстот на црквата на МПЦ-ОА за да почитуваат законите ќе мора се урива и џамијата на Попова Шапка.
Откако ДУИ, Беса и АА се заплеткаа во пропагандата во која бараат уривање на христијанскиот симбол на површина се појавуваат информации дека муслиманската џамија во тоа подрачје е градена целата без дозвола и се наоѓа на земјиште сопственост на Република Македонија.
Тоа значи дека ако се урива крстот на Шапка ќе мора да се урне и целата нелегално изградена џамија.
Влијателен твитерџија открива што е вистинскиот скандал на Попова Шапка:
– Тоа што и според Катастар на РМ, ЏАМИЈАТА во тоа место е изградена на државно земјиште
– се уште сопственик стои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Приложено на сликата – тој објект не е ни обележан, нема број на парцела)
– За црквата и дворот стои сопственик МПЦ (во прилог слика со број на парцела)
– Денеска од општина Тетово биле да бараат од црквата доказ дека имале дозвола за градба.
Твитерџијата ги повикува општинските власти во Тетово да одат до џамијата и да бараат дали постои имотен лист и дозвола за градба (од катастарскиот документ се гледа дека не постои ни имотен лист, ни дозвола за градба.
Предходно и владината Комисија за односи со верските заедници која ја води кадар на СДСМ Даријан Сотировски, порача тие што бараат причина за уривање на крстот да немаат двојни стандарди при третман на изградени верски објекти.
,,Комисијата останува посветена во напорите за одржување на добрите меѓуверски односи, па имајќи ја сензитивноста во предвид апелира политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи. Во однос на изградбата на профани или религиозни објекти, како и поставување на нивни обележја на туристичкиот центар Попова Шапка упатуваме на неселективна и принципиелна поставеност на Општина Тетово”, се вели во соопштението на Комисијата.