Ако Путин „не се плаши“, нека разговара директно со Зеленски

Украина бара директни разговори меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин, бидејќи Путин е тој што „ги донесува конечните одлуки“.

Ова го изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, цитиран од агенцијата Анадолија.

Одамна сакаме директен разговор, нагласи тој во своето ТВ гостување.

Истакнувајќи дека Зеленски „не се плаши“ од ништо, вклучително и од директен разговор со Путин, Кулеба рече:

„Ако Путин не се плаши од ништо, нека дојде, нека седне и разговара“.

Инаку третата рунда разговори меѓу руската и украинската делегација заврши вчера по речиси три часа повторно без поголем резултат во Белорусија во близина на границата со Полска.