Ако Путин дојде во Македонија, ќе биде уапсен, за разлика од Украина и од САД?!

По издадениот налог за апсење на Владимир Путин од Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) во Хаг, македонските власти се обврзани да го приведат рускиот претседател ако се појави во Македонија, за разлика од Украина, САД, Индија, Кина итн.

Обврската на Македонија произлегува од потпишаниот и ратификуван Римски статут на ИЦЦ на 6 март 2002 година, со кој се признава јурисдикцијата на Судот на македонска територија.

Украина, врз чија агресија од Русија и базира обвинувањето на Путин од ИЦЦ за воени злосторства, го има потпишано, но не и ратификувано статутот на Судот.

Вкупно 123 земји во светот го признаваат Меѓународниот кривичен суд основан во 2001 година. Меѓу нив не се САД, Кина, Индија, како и Русија.

Додека не биде уапсен, на Путин не може ни да му се суди, бидејќи ИЦЦ не го прави тоа во отсуство на обвинетиот.