За да илустрира во каква сизифовска работа се претвори процесот на интегрирање во Европската унија на земјите-кандидатки, германскиот новинар Михаел Мартенс им пресмета на Македонија и на Албанија дека ќе влезат во Унијата по точно 122,5 години, ако преговараат со темпото на Црна Гора!

„Има уште добри вести: ако Северна Македонија и Албанија преговараат со исто темпо како Црна Гора и почнат сега, и двете би можеле да бидат добредојдени како членови на семејството на ЕУ само по 122,5 години од денес. (Во јули 2144 година. Повторно, веројатно втората половина на месецот, бидејќи не треба да брзаме со работите)“, иронично констатира во својата објава на Твитер дописникот на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и добар познавач на евроинтеграцијата на Југоисточна Европа.