Долго пред да стане претседателски кандидат, Трамп ја доведе во прашање значењето на американските сојузи.

Тој еднаш напиша за Европејците дека „нивните конфликти не вредат американски животи и дека повлекувањето од Европа ќе заштеди на неговата земја милиони долари годишно“.

Трамп неодамна рече дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што ќе ги исполни своите обврски од западната воена алијанса.

Трамп: Кој сака заштита од НАТО, мора да плати

Одбранбениот сојуз на НАТО, основан во 1949 година и поддржан од демократите, републиканците и независните цели три четвртини век, долго време беше цел на гневот на Трамп.

Како претседател, Трамп многупати се закануваше дека ќе се повлече од НАТО, вклучително и на самитот на НАТО во 2018 година.

„Го премислија од тоа уште во првиот мандат. Вториот пат, нема да има кој да го премиесли“, вели Џон Болтон, тогашен советник на претседателот за национална безбедност.

Но, за време на мандатот на Трамп, повлекувањето од НАТО не се случи. Тоа беше затоа што некој секогаш беше тука за да го спречи во тоа.

Болтон вели дека тоа бил тој. Се верува дека цвој удел имале и генералот Џим Матис, шефот на кабинетот на претседателот Џон Кели, шефовите на дипломатијата Рекс Тилерсон и Мајк Помпео, па дури и потпретседателот Мајк Пенс.

Но, Трамп не се предомислил и доколку биде реизбран оваа година, никој од овие луѓе нема да биде во Белата куќа.
Сите раскинаа со поранешниот претседател…

Во вториот мандат, Трамп (ако победи) би бил опкружен со луѓе кои или го делат неговото негодување за американските безбедносни сојузи или не знаат ништо за нив и не им е грижа.

„Штетата што ја направи во неговиот прв мандат беше поправлива. Штетата во неговиот втор мандат би била непоправлива“, изјави Болтон за напис во „Atlantis“ чиј автор е историчарката и авторка на неколку книги за Русија и Источна Европа, Ен Еплбаум. (Индекс.хр)