Има таков народ“ ќе претстави нов состав на влада „кога ќе дојде време“, изјавил член од раководството на партијата.
Од партијата велат дека нема да водат разговори за министерски места, нема да склучуваат скриени или нескриени политички договори со помалите партии (Излези, мутри надвор и Демократска Бугарија) кои велагоа во 46-от состан на бугарското Народно собрание.
Доколку предлогот за малцинска влада не биде поддржан во парламентот,пологично е да има предвремени избори, рече Тошко Јорданов од „Има таков народ“.
„Ако немаме поддршка од овие две партии, ризикуваме да ја добиеме поддршката од ГЕРБ и ДПС на Доган, тогаш едноставно нема да има влада , велат опд ИТН.
Лидерот на партијата Слави Трифонов вчера го повлече предлогот за состав на бугарска влада, по критиките од партиите и јавноста…
Има таков народ доби 65 места во парламентот, малку над 1/4 од 240 пратенички места во бугарскиот парламент, и само две места повеќе од ГЕРБ на Борисов.
