Ние уредно најавивме до МВР и поставивме пред Мавровка 30 автобуси од вкупно 220 со кои располагаме. Доколку не се изнајде решение во брзо време, ние сме во состојба со нашиот капацитет тотално да го парализираме целиот град“-најавија приватните поревозници кои денеска ја блокиртаа крстосницата кај „Мавровка“ за Слободен печат.

Приватните превозници од „Макекспрес“ и од „Слобода превоз“ на протестот истакнаа и дека, во моментов на улиците има поставено 30 автобуси, но како што рекоа доколку проблемот со исплатата не се реши во следните неколку дена, тие комплетно ќе го блокираат Скопје со сите 220 автобуси со кои располагаат.

„Овој протест е поради долгот што ни го направи ЈСП со неплаќање на средствата кои што за неколку дена ќе достигнат 2 милиона евра. Овој протест е директна последица. Немањето слух да не прими градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и поради долгот на ЈСП кон нас, доведени сме во ситуација да немаме средства да однесеме храна на семејствата. Во оваа прилика им се извинувам на граѓаните на Скопје поради гужвата и хаосот кој настана. Ги молам за разбирање бидејќи ние преку 30 години сме на овие улици и за тие 30 години имало мал милион настани, штрајкови, блокади, протести, маратони и ние сме го трпеле сето тоа – изјави Ќемал Муриќ.