Венко Филипче Багро Профитерска, немам друго како да ве наречам, и ова е дури комплимент за вас!! Го завивте Валандово во црно!! До сега неброени фамилии зацрнивте!!, пишува Јулијана Дирксен, Македонка блиска на вчера починат Валандовец од Ковид-19.
“Вчера, 38 годишен, здрав ко дрен, силен ко карпа, принципиелен, Татко на две мали дечиња, Сопруг, Брат и Син на Доктор кој цел живот лекувал и се жртвувал за пациентите, ви почина! Без фамилијата да има можност и да се збогува со него на неговото вечно почивалиште!
Господине Венко, што правите вие?? Дали сте свесни?!! Дали сте нормални?!! Што се случува во болниците каде што лежат, како ги третирате, односно не третирате?!!
Што им давате?! Наместо да се шеташ по прес конференции, конвенции и да се сликаш ко дебил со фрижидери, зошто не одиш да се бориш со твоите колеги на терен?? Зошто не се заземеш да испиташ од што ти умираат млади луѓе?!!
Барај помош, едукација од Германија, Франција, Израел за третман на заболените, кај нив не умираат!!! Имаш направено логор за умирање!! Вакцини немаш абер!!! Мерки немаш никакви, додека Европа цела е затворена!!
Заразени ти се шетаат насекаде!! До сега кој и да беше, доволно, да беше само човек ќе се повлечеше од функцијата министер и ќе го предадеше местото на некој способен кадар!! Како спиеш бре човеку?! Каков доктор си?? Лед не те леди, лажете, сушите!
Ги пишувате жртвите небаре пишувате на табла зелки! Кој ќе одговара за овој хорор?! Ништо на светот не може да ја неутрализира оваа болка, сега доцна е за се!! Но, не грижете се, ако нема морална одговорност во оваа мафијашка вукојебина, има Страшен Суд, таму нема спас за никој!!!”, пишува вознемирената Јулијана Дирксен до министерот Филипче.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3611931635596302&id=100003385026592