„Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа“, апелираа денеска текстилните компании. Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош.

Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што рекоа на прес-коференција, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат.

Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, производството на текстил речиси запре, со исклучок на производството на работна облека.
Опсервер